tramp - онтологија

ајљаз повеќе

мн. ајљази
Вид збор: Именка, машки род
безделник, неработник, мрзливец, скитник
Турски: haylaz
Употреба: Архаизам

ајмана повеќе

мн. ајмани
Вид збор: Именка, женски род
скитник, неранимајко, неработник
Албански: rrugaç
Употреба: Архаизам , Преносно значење

аландарка повеќе

мн. аландарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена скитничка, алапачка, што шета по куќи.
Употреба: Архаизам

влечивлечка повеќе

мн. влечивлечки
Вид збор: Именка, женски род
Неуредна, мрзлива жена.
Употреба: Разговорно

влечигора повеќе

мн. влечигори
Вид збор: Именка, женски род
неуреден човек
Употреба: Разговорно

догази повеќе

догазат
Вид збор: Глагол, свршен
изоди
Албански: ec, kaloj
Употреба: Разговорно

залангур повеќе

мн. залангури
Вид збор: Именка, машки род
скитник, уличар
Албански: rrugaç
Употреба: Разговорно

лангач повеќе

мн. лангачи
Вид збор: Именка, машки род
безвреден човек

лингур повеќе

мн. лингури
Вид збор: Именка, машки род
Тој што скита, скитник.
Албански: endacak
Употреба: Разговорно

литмара повеќе

мн. литмари
Вид збор: Именка, женски род
За жена - што е лесна во умот.
Албански: lavire
Употреба: Дијалектен збор , Преносно значење

луталица повеќе

Види и: лута (несв.)
мн. луталици
Вид збор: Именка, машки род
скитник
Употреба: Дијалектен збор

мурдар повеќе

мн. мурдари
Вид збор: Именка, машки род
Запуштен, неуреден, нечист човек.
Турски: murdar
Употреба: Пејоратив , Разговорно

муфљуз повеќе

мн. муфљузи
Вид збор: Именка, машки род
пропаднат човек
Турски: müflis
Употреба: Пејоратив , Разговорно

набие повеќе

набијат
Вид збор: Глагол, свршен
Настега, израмни со тапкање, со газење.
Албански: forcon

наскита повеќе

Види и: скита (несв.)
(се) наскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во скитање, скита до задоволување.

пачавра повеќе

мн. пачаври
Вид збор: Именка, женски род
Нечиста, неприбрана, неспастрена жена.
Албански: lavire, leckë
Употреба: Груб збор , Преносно значење

поскита повеќе

поскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во скитање.
Албански: endem

пробисвет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
скитник, авантурист
Албански: endacak, aventurist

прооди повеќе

Види и: оди (несв.)
проодат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине пешки голем простор.
Албански: ecë në këmbë

проскита повеќе

Види и: скита (несв.)
проскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да скита, стане скитник.
Албански: fillon të bredh

рашетар повеќе

мн. рашетари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу шета, безделничи со шетање.

скиталец повеќе

Види и: скитач (м.)
мн. скиталци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што скита постојано.

скитач повеќе

мн. скитачи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што скита постојано.

скитник повеќе

мн. скитници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што не се задржува долго на едно место; без постојано живеалиште; скитач, скиталец.

скитница повеќе

мн. скитници
Вид збор: Именка, женски род
За жена скитник.

сокачарка повеќе

мн. сокачарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што е постојано по сокаци и ја запоставува куќата; улична жена.
Употреба: Разговорно

суртук повеќе

мн. суртуци
Вид збор: Именка, машки род
скитник
Турски: sürtük Албански: syrtyk, endacak
Употреба: Разговорно

тарашмаалка повеќе

мн. тарашмаалки
Вид збор: Именка, женски род
Женско што сака многу да скита по куќи, по маала, да не седи дома.
Турски: taraş mahalle

уличарка повеќе

мн. уличарки
Вид збор: Именка, женски род
Распуштена, лесна жена.
Албански: rrugaçe, lavire

чергар повеќе

мн. чергари
Вид збор: Именка, машки род
скитник

шарен повеќе

шарени
Вид збор: Придавка
За жена или маж - што е со лесно поведение, со лесен морал.
Албански: laraman
Употреба: Преносно значење