visit - онтологија

види повеќе

видат
Вид збор: Глагол, свршен
Посети некого.
Албански: vizitoj

видовиште повеќе

мн. видовишта
Вид збор: Именка, среден род
гледање, посета, визита
Употреба: Дијалектен збор

визита повеќе

мн. визити
Вид збор: Именка, женски род
Посета, одење на гости.
Албански: vizitë

зареди повеќе

заредат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да посетува, да оди од еден до друг.
Албански: vizitoj

изреди повеќе

Види и: реди (несв.)
изредат
Вид збор: Глагол, свршен
Посети, оди од едно до друго место едноподруго.
Албански: vizitoj

наѕре повеќе

наѕрат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, посети на кратко.
Албански: vizitoj shkurt

намириса повеќе

намирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намине, посети некого, нешто.
Албански: vizitoj
Употреба: Преносно значење

поднаѕре повеќе

поднаѕрат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, посети на кратко.
Албански: vizitoj shkurt
Употреба: Преносно значење

полаза повеќе

мн. полази
Вид збор: Именка, женски род
Прва утринска посета.

посета повеќе

мн. посети
Вид збор: Именка, женски род
Одење кај некого на гости, на видување, на разговор.
Албански: vizitë
Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација на средба од службени потреби.
Албански: vizitë
Редовен лекарски преглед на болен.
Албански: vizitë
Употреба: Медицина

посети повеќе

посетат
Вид збор: Глагол, свршен
Отиде кај некого на видување, на разговор.
Албански: vizitoj
Отиде некаде, отиде да види некоја знаменитост или некое место.
Албански: vizitoj
За настан, состојба - дојде, настапи, се појави, настана.
Албански: vizitoj, vij
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење , Ретко
Пребара, види на Интернет некаква содржина.
Албански: vizitoj
Употреба: Информатика

посетува повеќе

Види и: посети (св.)
посетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
посети
Албански: vizitoj

скокне повеќе

скокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Намине на кратко време кај некого, појде по нешто.
Употреба: Разговорно

шета повеќе

шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди, разодува, талка по разни места, од едно место на друго.
Албански: shëtis, vizitoj