бува

буваат; бувал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 52424
1. Удира, тупа, бие по нешто предизвикувајќи специфичен звук.
Англиски: beat Албански: godas, rrah
Примери:
Жените буваа матеница.
Војниците го буваа (бувтаа) заробеникот со кундаците во грбот.
2. Кашла силно.
Англиски: cough Албански: kollitet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стариот по цел ден бува.
3. (се бува) се удира
Англиски: beat Албански: rrah
Примери:
Тој се бува во градите дека ќе го направи тоа.
4. Испушта звук што го подражава гласот на бувот.
Албански: huton
Примери:
Бууу, бууу! - од куќата на кантарџиите бува бувот стар.
Изведенки
бување ср.
глаг. им.