а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бдее

бдеат; бдеј, бдејте; бдеев, бдееја; бдеел; бдеен; бдеејќи; мин. бдеав, бдеаја; бдеал; бдеан несв.
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 5150
1. Не спие, ја поминува ноќта без сон.
Англиски: watch Албански: ri zgjuar
Примери:
Во долгите ноќи кога сите спијат, тој бдее.
Саноќ бдееше над нејзината постела.
2. Внимава, чува, се грижи за некого, за нешто.
Англиски: guard Албански: bëj rojë
Примери:
Бабицата бдееше со неа и ја тераше да легне.
Ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира.
Со татковска нежност тој бдееше над болниот.
Изведенки
бдеење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК