а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

всели

вселат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6003
1. Доведе, смести некого во стан, куќа и сл.
Англиски: move in Албански: vendosem, shpërngulem
Примери:
Студентката ја вселија во студентскиот дом.
2. внесе, всади
Англиски: implant Албански: implantoj, ngulit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во градите ќе ти вселат зеленило што лекува.
3. (се всели) (само 3 л.) Се смести во стан, куќа и сл.
Албански: hyri, vendoset
Примери:
Се всели во новата куќа.
4. (се всели) Се вовлече, се всади во свеста, во душата и сл.
Англиски: implant Албански: hy, ngulit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Студенило се всели во срцето на синот.
Страв се всели во него.
Изведенки
1. вселува несв.
вселуваат
2. вселување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК