а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

втаса

втасаат; втасал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2592
1. Стигне некого при одење, движење.
Англиски: reach Албански: arrij, mbërrij
Примери:
Момчето не можеше да го втаса.
Седни де, ќе втасаш.
2. пристигне, дојде
Англиски: arrive Албански: arrij, mbërrij
Примери:
Мили брате, кога втаса?
3. Досегне до нешто.
Англиски: reach Албански: arrij, mbërrij
Примери:
Таман да втаса, да го досегне пагурчето, детето се спрепна и падна.
Како расте, ќе те втаса!
4. узрее, созрее, порасне
Англиски: ripen Албански: bëhem, piqem
Примери:
Житата уште не беа втасани.
Ливадите втасаа за косење.
Момчето втасало за женење.
Изведенки
1. втасува несв.
втасуваат
2. втасување ср.
глаг. им
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК