а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запне

запнат; запни, запнете; запнав, запнаа; запнал; запнат; запнев, запнеа; запнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6242
1. Запре, наиде на пречка при движење.
Англиски: stuck Албански: ngatërroj
Примери:
Ралото запна на една жила од коренот на оревот.
2. Закачи дел од облеката за нешто при движење.
Англиски: stick Албански: ngatërroj
Примери:
Тој ги запнал панталоните на една грмушка и ги скинал.
3. Затегне, доведе нешто во состојба на затегнатост.
Англиски: strain Албански: shtërngoj
Примери:
Тој го запна орозот на пушката и фати позиција.
Старецот го запна јажето на самарот.
4. Стави, закачи нешто на друго нешто.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Тој го запна ножот за појасот.
5. За говор - се заплетка, се збрка.
Англиски: confuse Албански: pështjelloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој запна и не си го доврши зборот.
6. Почне упорно да настојува, да бара, да прави нешто.
Англиски: insist Албански: insistoj
Примери:
Таа запнала да оди во странство.
Тој запна да се жени.
Тие запнале да создадат своја партија.
7. (се запне) се закачи
Англиски: stuck Албански: ngatërroj
Примери:
Ралото се запна на еден камен.
Шамијата ѝ се запна на гранките од јаболкницата.
8. (се запне) Оствари намера по секоја цена.
Англиски: insist Албански: këmbëngul
Примери:
Тие се запнале да одат на село.
Изрази
Ми (ти, му...) запна за окото - ми се допаѓа некој или нешто.
Изведенки
1. запнува несв.
(се) запнуваат
2. запнување ср.
глаг. им.
3. запина несв.
(се) запинаат
4. запинање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК