а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

засука

засукаат; засукал, засукале; засукан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10188
1. Почне да сука тесто.
Англиски: knead Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Таа засука кора за баница.
2. За конец, жица - уврти повеќе конци, жици во едно.
Англиски: twist Албански: dredh
Примери:
Таа го засука малку конецот пред да го вдене во иглата.
3. За мустаќи - свитка, завитка.
Англиски: twist Албански: dredh
Примери:
Старецот ги засука мустаќите и погледна во нас.
4. Подигне, подвитка, заврати дел од облеката.
Англиски: roll up Албански: përvel
Примери:
Жената ги засука ракавите и почна да мие садови.
Ние треба да си ги засукаме ракавите и да си ги спроведеме реформите.
5. (се засука) Заврати себеси дел од облеката.
Англиски: roll up Албански: përvel
Примери:
Тој се засука до коленици и влезе во вода.
Изрази
Ги засука ракавите - се фати за работа.
Изведенки
1. засукува несв.
(се) засукуваат
2. засукување ср.
глаг. им.
3. засучува несв.
(се) засучуваат
4. засучување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК