а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збогати

збогатат; збогатил, збогатиле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8340
1. Направи некој да стане богат со пари, со материјални блага.
Англиски: enrich Албански: pasuroj
Примери:
Таа работа може да те збогати.
2. Подобри, прошири, унапреди нешто.
Англиски: enrich Албански: pasuroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите дела ја збогатија македонската поезија и книжевност.
Ваквите емисии ги збогатуваат нашите познавања за далечните земји.
3. Направи нешто да прими во својот состав некоја материја за да биде повредно, покорисно.
Англиски: concentrate Албански: pasuroj
Примери:
Збогати раствор.
Збогати руда.
Збогати гориво.
4. (се збогати) Стане богат.
Англиски: enrich Албански: pasurohem
Примери:
Преку ноќ се збогати.
Сакаше да се збогати по секоја цена.
Изведенки
1. збогатува несв.
(се) збогатуваат
2. збогатување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК