а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изгори

изгорат; изгоре, изгорете; изгорев, изгореа, изгорел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1593
1. 3аврши со горење.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Во пожарот изгореа две куќи.
2. 3аврши со светење.
Примери:
Свеќата изгоре.
3. Потроши со горење.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Изгоревме многу дрва оваа зима.
4. Се истроши во борба, неволја, тешкотии, се уништи.
Албански: mbyt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го изгоре власта.
Во борбата изгоре предвреме.
5. Гори малку, загори, подгори, за јадење.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Мисирката изгорела од едната страна.
6. За човек - премногу се изложи на сонце.
Албански: djeg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нè изгоре сонцето додека жниевме.
Децата изгореле на летново сонце.
7. За посев, земја - се исуши, остане без влага.
Албански: djeg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Земјата изгоре без дожд.
8. Добие висока температура.
Албански: temperatur të lartë
Примери:
Болниот изгоре од температура.
9. За слана - попари, уништи посев и сл.
Албански: përvloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сланата ги изгоре посевите.
10. Силно пропати за нешто; љуби, пати по некого.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Изгоре за неа.
11. Сака нешто.
Англиски: crave Албански: dëshiroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Изгоре за вода.
12. Надразни сетило за вкус, излути.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Пиперките ме изгореа.
Го изгоре ракијата.
Си го изгоре јазикот од кафето.
13. Направи да биде уништено како последица на голема употреба, остар вкус.
Англиски: burn Албански: djeg
Употреба: Разговорно
Примери:
Му изгореа дробовите од ракија.
Му изгореа џигерите.
14. Во разни игри, карти и др.
Албански: djeg
Примери:
Картите изгореа.
15. (се изгори) Почувствува силен, најчесто лут или остар, вкус.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Се изгоре од супата.
Изрази
Го изгоре до срце - навреди некого.
Срцето му го изгоре - многу е вљубен.
Му изгоре папокот за мене - не му е гајле.
Оган да те изгори, да би оган те изгорел, да би го оган изгорел (клетви).
Пушка го изгорела.
Изведенки
изгорува несв.
(се) изгоруваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК