а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

корона

мн. корони
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 25732
1. круна
Англиски: crown Албански: kurorë
2. Круг околу сонцето.
Англиски: corona Албански: kurorë, brerore
Употреба: Астрономија
Примери:
Короната на сонцето зрачеше над планината.
3. Златен круг околу главите на светците на иконите.
Англиски: aureole Албански: kurorë, aureolë
4. Знак со кој се продолжува траењето на тонот, акордот или на паузата.
Албански: koronë
Употреба: Музика и танц
Примери:
Мелодиите биле означени со различни корони.
5. Горните ливчиња што го обликуваат цветот.
Англиски: petal Албански: petal, fletë
Употреба: Ботаника
Примери:
Цветови со широко отворени црвени корони.
Изведенки
коронка ж.
мн. коронки
(дем.) Метална облога на заб заради заштита или како држач на протеза.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК