а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кукла

мн. кукли
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2656
1. Фигура (обично женска) на човек што служи како детска играчка.
Англиски: doll Турски: kukla Албански: kukull
Примери:
Куклата спие.
Девојчињата си играат со кукли.
2. Фигура на човек или само на труп што служи за излагање облека или како кројачки модел.
Англиски: dummy Турски: kukla Албански: kukull, maketë
Примери:
Во излогот стои женска кукла.
3. Фигура со подвижни делови (раце, нозе, глава) и со која се игра во куклен театар.
Англиски: puppet Турски: kukla Албански: kukull, marionet
Употреба: Сцена
4. Човек со кој управува друг.
Англиски: marionette Турски: kukla Албански: masrionet
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Тој е само кукла, не умее да се спротивстави.
5. Назив за обраќање.
Англиски: doll Албански: kukllo
Употреба: Преносно значење , Хипокористика
Примери:
Кукло моја!
6. Млад човек со изразито мил, убав изглед.
Албански: kukull
Примери:
Многу е убава, како кукла е.
7. Последен стадиум во развојот на некои инсекти, ларви и сл.
Англиски: pupa Албански: krizalidë
Употреба: Зоологија
Примери:
Ларвите се преобразуваат во кукла во почвата.
8. Леб со елипсест облик.
Албански: lloj buke elipsoide
Употреба: Гастрономија
9. Памук подготвен за предење.
Албански: pambuk për tjerrje
Изведенки
1. кукле ср.
мн. куклиња
дем.
2. кукличка ж.
мн. куклички
дем.
3. кукленце ср.
мн. кукленца
дем.
4. кукличе ср.
мн. кукличиња
дем.