а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

меѓутоа

Вид збор: Честичка
Ранг: 11247
За воведување нови содржини различни од претходно кажаното, со нијанса на спротивност или на различност навестени во наредната информација, на почеток на реченица или на почеток на нов пасус.
Англиски: but
Примери:
Војната разгоруваше. Меѓутоа, само по неколку недели почна да се зборува за нови групи бегалци.
Проектот дава целосен преглед на болестите на кардиоваскуларниот систем. Меѓутоа, има и многу други истражувања што се пред нашите научници.