а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

навлезе

навлезат; навлези, навлезам, навлезете; навлегов, навлегоа; навлегол, навлегле; (ќе) навлезев, (ќе) навлезеа; (ќе) навлезел; навлезен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2054
1. Влезе подлабоко во некоја средина.
Англиски: enter Албански: depërtoj, hy thell
Примери:
Навлегоа во густата букова шума.
Навлегол меѓу грмушките.
2. Влезе во голем број, во големо количество.
Англиски: pour Албански: fut, hy
Примери:
Во дворот на училиштето навлегоа војници.
Сите навлегоа во собата.
Во организацијата навлегоа млади луѓе.
Во визбата навлегла вода.
3. Изврши голем дел од некоја работа, прошири знаења, се задлабочи во нешто.
Англиски: enter Албански: fut, hyj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Навлеговме во подготовките на фестивалот.
Навлезе во тајните на шахот.
Навлезе во занаетот.
Навлезе во суштината на проблемот.
Навлезе во детали.
4. Стигне до некоја возраст.
Англиски: enter Албански: hy, arrij
Употреба: Преносно значење
Примери:
Навлезе во триесеттата година.
Навлезе во длабока старост.
Навлезе во години.
Изведенки
1. навлегува несв.
навлегуваат
2. навлегување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи