а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

наднесе

наднесат; наднеси, наднесете; наднесов, наднесоа; наднесол, наднесле и наднел, наднеле; (ќе) наднесев, (ќе) наднесеа; (ќе) наднесел; наднесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14030
1. Крене, издигне над нешто.
Англиски: lift Албански: ngritem
Примери:
Ја наднесе раката над очите и внимателно се загледа.
Го наднесе клупското знаме над толпата навивачи.
2. (се наднесе) Се наведне над некого, над нешто.
Англиски: lean Албански: mbështes, hip
Примери:
Се наднесе над него да го чуе неговиот шепот.
Излезе на балкон и се наднесе над оградата.
3. (се наднесе) Се издигне на некоја височина над нешто.
Англиски: hang Албански: varem
Примери:
Облакот се наднесе над селото, плисна силен дожд.
Над реката се наднесе густа магла.
Изведенки
1. наднесува несв.
(се) наднесуваат
2. наднесување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК