а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

надоврзе

надоврзат; надоврзи, надоврзам, надоврзете; надоврзав, надоврзаа; надоврзал; надоврзан; (ќе) надоврзев, (ќе) надоврзеа; (ќе) надоврзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5655
1. Со врзување спои.
Англиски: attach Албански: shtoj, lidhë
Примери:
Го надоврза јажето за да стигне.
2. При зборување додаде, каже нешто.
Англиски: add Албански: shtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неубедливо, надоврза дека тој не се согласува.
3. (се надоврзе) Продолжи расправа, се искаже на определена тема; додаде кон своето или кон искажувањето на други.
Англиски: continue Албански: ndërlidhem
Употреба: Преносно значење
Примери:
И јас сакам да се надоврзам со неколку збора кон претходните искажувања.
Изведенки
1. надоврзува несв.
(се) надоврзуваат
2. надоврзување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК