а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нареди

наредат; наредил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 996
1. Стави, размести во определен ред.
Англиски: arrange Албански: urdhëroj
Примери:
Го нареди по височина меѓу првите.
Ги нареди книгите по писатели.
2. Суреди, намести (соба, куќа).
Англиски: order Албански: rregulloj
Примери:
Му ја исчисти и му ја нареди собата.
За празникот убаво ја нареди куќата.
3. Среди, уреди, доведе во добра состојба.
Англиски: arrange Албански: rregulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас ќе ја наредам таа работа.
Убаво си го наредил животот.
4. Дотера, украси некого или нешто.
Англиски: decorate Албански: stolis, rregulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја наредил како кукла.
Алтани ќе те наредам.
Убаво сте ја наредиле елката.
5. (се нареди) Застане во ред.
Англиски: line up Албански: reshtohem, renditem
Примери:
Војниците со трчање се наредија во два реда.
6. (се нареди) Добро се намести, дојде до добро место во службата, во работата.
Албански: u rregullua
Употреба: Преносно значење
Примери:
Слушам, убаво си се наредил на работа.
7. (се нареди) Се дотера, се уреди, добро се облече.
Албански: rregullohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Многу убаво си се наредила, сигурно вечер многумина ќе те бендисаат.
8. Издаде, даде наредба.
Англиски: command Албански: urdhëroj, komandoj
Примери:
Командирот нареди да се подготват сите за долг марш.
На селаните им наредија да ги товарат вреќите во камионите.
Изведенки
1. наредува несв.
(се) наредуваат
2. наредување ср.
глаг. им.