а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насече

насечат; насечи, насечете; насеков, насекоа; насекол, насекле; (ќе) насечев, (ќе) насечеа; (ќе) насечел; насечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17593
1. Со сечење добие определено или големо количество нешто.
Англиски: cut Албански: prej
Примери:
Насекол леб за сите.
Насече дрва за цела година.
Насече гранки со купишта.
2. Засече малку, направи засек.
Англиски: cut Албански: prej
Примери:
Го насече дрвцето за калемење.
Го насече лимонот.
3. (се насече) Се наработи, сечејќи.
Англиски: saw Албански: prej mjaft, bollshëm
Примери:
Се насече дрва денеска.
4. (се насече) Се пресече малку.
Англиски: cut Албански: pritem
Примери:
Сечејќи леб, се насеков.
Изведенки
1. насечува несв.
(се) насечуваат
2. насечување ср.
глаг. им.
3. насекува несв.
(се) насекуваат
4. насекување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК