а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обнови

обноват; обновил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5798
1. Врати, доведе во поранешната состојба нешто старо, разурнато.
Англиски: restore Албански: restauroj
Примери:
Селаните го обновија разурнатиот манастир.
Тој ја обнови старата куќа.
Нашата фирма ќе ги обнови улиците во градот.
2. Одново, повторно востанови, претстави, оживее нешто.
Англиски: revive Албански: rigjallëroj
Примери:
Печатницата ја обнови својата издавачка дејност.
Тој ги обнови старите пријателства.
Актерите решија да ја обноват претставата.
3. Повтори, одново преземе, актуализира нешто.
Англиски: repeat Албански: përsërit
Примери:
Владата ќе го обнови судскиот процес.
Претпријатието го обнови конкурсот за директор.
4. (се обнови) Се врати во поранешната состојба.
Англиски: restore Албански: kthehet
Примери:
Здравјето ми се обнови по престојот на село.
5. (се обнови) Се врати повторно во свеста, се сети на нешто.
Англиски: recall Албански: risjell
Примери:
Кога ги видов сликите, ми се обнови сеќавањето за старите другари.
Таму ми се обновија спомените за детството.
Изведенки
1. обновува несв.
(се) обновуваат
2. обновување ср.
глаг. им.