а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

објасни

објаснат; објаснам; објаснил; објаснет; (ќе) објаснеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 591
1. Протолкува, разјасни нешто.
Англиски: interpret
Примери:
Попот се обиде да ни објасни дека душата на умрениот ќе оди во рајот.
Ќе ви објаснам како треба да се ракува со апаратот.
2. Направи нешто да стане јасно, разбирливо.
Англиски: explain Албански: spjegoj
Примери:
Тој им ја објасни на луѓето целата работа.
Директорот им ја објасни тешката ситуација на вработените.
3. Разоткрие, установи причина, смисла на нешто.
Англиски: find out Албански: gjen
Примери:
Не можам да си објаснам што се случи со мене.
Не знаеше како да ја објасни нејзината постапка.
Науката уште не може да ја објасни таа природна појава.
4. (се објасни) Се разјасни, се расправи со некого, расчисти некои недоразбирања.
Англиски: clarify Албански: sqaroj
Примери:
Оставете ги децата, тие самите меѓусебе ќе се објаснат.
Тој ме избегнува и не сака да се објасни со мене.
Изведенки
објаснува несв.
(се) објаснуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК