а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

овековечи

овековечат; овековечил; овековечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9212
1. Направи некој или нешто да биде вечен, не заборави, зачува во траен спомен некого или нешто.
Англиски: eternalize Албански: përjetësoj
Примери:
Преку песната, народот ги овековечил своите јунаци.
Тие застанаа пред фотоапаратот за да го овековечат тој свечен миг.
2. (се овековечи) Стане вечен, се памети вечно.
Англиски: eternalize Албански: përjetësoj
Примери:
Штета што немаше камера, за да се овековечи целата прослава.
Изведенки
1. овековечува несв.
(се) овековечуваат
2. овековечување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК