а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оствари

остварат; остварам, оствараме; остварен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1651
1. Исполни замисла, план, реализира.
Англиски: fulfill Албански: përmbush
Примери:
Тој ја оствари својата цел.
Остваривме добивка од годинешната реколта.
2. (се оствари) Стане вистинит, реален.
Англиски: realize Албански: realizoj
Примери:
Се оствари мојот дамнешен сон.
Предвидениот план на вработените им се оствари.
Прогнозата им се оствари на метеоролозите.
Изведенки
остварува несв.
(се) остваруваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК