а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пласти

пластат; пластел; пластен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7789
1. (за сено) Става во пластови.
Англиски: pile
2. Таложи во пластови, во слоеви; реди еден врз друг.
Англиски: pile
Употреба: Преносно значење
Примери:
Планински ветришта го пластеа снегот.
(прен.) И пластеа в гради се нови рани.
3. (се пласти) Се таложи, се трупа во слоеви.
Англиски: pile
Примери:
Снегот допрва се пластеше.
4. (се пласти) се реди
Примери:
Се пластеа се нови и нови тешкотии.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК