а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плете

плетат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3758
1. Изработува предмети од конци со кука, игла, машина правејќи котелци и врзувајќи ги.
Англиски: knit Албански: thur
Примери:
Плете чорапи, мрежа, тантели.
2. Изработува предмети со преплетување прачки, врвки и др.
Англиски: weave Албански: thur
Примери:
Плете кошници, кошови.
3. Прави плетенка.
Англиски: plait Албански: thur gërshet
Примери:
Си ја плете косата.
Треба да го плетам кромидот.
4. Одејќи прави движења со нозете како да плете.
Албански: gërshetoj
Примери:
Плете (плетка) со нозете.
5. Плете мрежи, интриги, замки.
Англиски: plot Албански: thur
Употреба: Преносно значење
Примери:
(поет.) А срце под гради јадови плете.
6. (се плете) се врзува
Англиски: entangle Албански: thuret, ngatërrohet
Примери:
Лозата се плете околу дрвото.
7. (се плете) се плетка
Англиски: tangle Албански: lidhet, koklavitet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јазикот му се плете (плетка) кога зборува.
(разг.) Ми се плете (плетка) на јазикот (зборот, името).
Изведенки
1. плел прид.
глаг. прид.
2. плетел прид.
глаг. прид.