а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

повеќе

Вид збор: Прилог
Ранг: 204
1. Компаратив од многу.
Англиски: more Албански: më shumë
Примери:
Колку повеќе се оддалечуваше од селото, толку потешко му беше.
Сакаше повеќе да слуша одошто да зборува.
2. предимно, често
Англиски: mostly Албански: shpesh
Примери:
Постарите повеќе слушаат народна музика.
Сега повеќе се оди во црква одошто порано.
3. Понатаму од даден момент.
Англиски: any more Албански: më tej
Примери:
Не одеше повеќе таму.
Не слушај го повеќе што ти зборува.
Ова повеќе не се издржува.
Повеќе ништо не рече.
Повеќе ни збор!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК