а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подели

поделат; поделен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2802
1. Раздели целина на делови.
Англиски: divide Албански: ndaj
Примери:
Домаќинката го подели тестото на десет еднакви дела.
Учениците го поделија теренот на два дела.
2. Врши операција на делење.
Англиски: divide Албански: pjestoj
Употреба: Математика
Примери:
Бројот десет да се подели со два и потоа да се помножи со три.
3. Изврши распределба помеѓу повеќе лица.
Англиски: distribute Албански: shpërndaj
Примери:
Жената им ги подели јаболката на децата.
Наставничката им ги подели писмените работи на учениците.
4. Изврши распределба меѓу себе.
Англиски: distribute Албански: shpërndaj
Примери:
Луѓето го искорнаа компирот и си го поделија меѓу себе.
5. Во спортот, естрада - даде, врачи.
Англиски: hand out Албански: ndaj
Примери:
Водителката ги подели наградите за најдобра песна.
6. Сподели нешто со некого.
Англиски: share Албански: ndaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ги подели своите сомнежи со своите најблиски соработници.
Тој ја подели својата болка со мајка си.
7. Сподели нешто меѓу себе.
Англиски: share Албански: këmbej, shpërndaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие си поделија многу тајни меѓу себе.
8. (се подели) Изврши поделба на нешто, со некого или помеѓу повеќе единки.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
По смртта на родителите, браќата се поделија.
9. (се подели) се раздели, се распредели
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Учениците се поделија во две екипи.
Нашата екипа се подели на неколку помали групи, секоја со своја задача.
Изведенки
1. поделува несв.
(се) поделуваат
2. поделување ср.
глаг. им.