а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поткладе

поткладат; потклај, потклајте; поткладов, поткладоа; потклал; (ќе) поткладев, (ќе) поткладеа; (ќе) поткладел; поткладен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 42082
1. Стави под нешто.
Англиски: put under Албански: vë nën
Примери:
Потклај го чаршафот помеѓу работ на креветот и душекот.
Таа му ги поткладе перниците под главата.
2. Стави, додаде уште малку.
Англиски: add Албански: shtoj, fus
Примери:
Тој поткладе неколку гранки под огнот.
Изведенки
1. поткладува несв.
поткладуваат
2. поткладување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК