а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потклекне

потклекнат; потклекни, потклекнете; потклекнав, потклекнаа; потклекнал; потклекнат; (ќе) потклекнев, (ќе) потклекнеа; (ќе) потклекнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12688
1. Клекне малку, потсвие малку коленици.
Англиски: kneel Албански: gjunjëzoj
Примери:
Ми потклекнаа колената, ама не паднав.
2. Попушти, покаже слабост, не издржи до крај, се откаже, се предаде.
Англиски: give up Албански: gjunjëzoj, dorëzohem
Примери:
Тоа ми помогна да не потклекнам во пресудните мигови.
Овој народ нема да потклекне пред непријателот.
Изведенки
1. потклекнува несв.
потклекнуваат
2. потклекнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК