а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потргне

потргнат; потргни, потргнете; потргнав, потргнаа; потргнал; (ќе) потргнев, (ќе) потргнеа; (ќе) потргнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8687
1. Повлече некого или нешто.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Го потргнав за ракавот.
2. Помести, премести малку некого или нешто.
Англиски: relocate Албански: tërheq
Примери:
Потргни го тенџерето од огнот!
Го потргна столчето за да седне.
3. (се потргне) Се помести, се премести малку, се подистави.
Англиски: move Албански: zhvendos
Примери:
Ве молам, потргнете се прозорецот.
Тој ја прегрна, но таа се потргна.
Луѓето се потргнаа понастрана за да му направат пат.
Изведенки
1. потргнува несв.
(се) потргнуваат
2. потргнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК