а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

појави

појават; појавил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1081
1. Јавно покаже, прикаже нешто.
Англиски: show Албански: tregoi
Примери:
Тогаш го појави својот најскап накит.
2. (се појави) се јави, се покаже
Англиски: appear Албански: u paraqit
Примери:
Од куќата се појави една жена.
На небото се појавија авиони.
Во очите на детето се појавија солзи.
На небото се појави виножито.
3. (се појави) Настане, се создаде.
Англиски: appear Албански: u shfaq
Примери:
Во градот се појавила чума.
Во градинката се појавиле вошки.
Меѓу децата се појави нова игра.
4. (се појави) Излезе нешто во јавност, се отпечати, се објави.
Англиски: publish Албански: publikoj
Примери:
Списанието се појави пред еден месец.
Неговите фотографии се појавија во сите дневни весници.
5. (се појави) никне, се зароди
Англиски: appear Албански: u shfaq
Примери:
Првите цветови се појавија рано пред да дојде пролетта.
Во уметноста се појавија определени стилови на нови автори.
Изведенки
1. појавува несв.
(се) појавуваат
2. појавување ср.
глаг. им.