а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

привиди

привидат; привиди, привидете; привидов, привидоа; привидел; привиден; (ќе) привидев, (ќе) привидеа;(ќе) привидел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 29240
1. Види, посети кратко време.
Англиски: examine
Употреба: Ретко
Примери:
Утре ќе ве привидат внуците.
Го привиде детето, тоа спиеше.
2. (ми, ти, му, .. се привиди) Му се стори како да гледа нешто што не постои, му се причини.
Англиски: appear
Примери:
Ми се привиде дека некој ме следи.
Му се привиди сенка што го следи.
Изведенки
1. привидува несв.
(се) привидуваат
Пример: Му се привидуваат октоподи, ајкули, водни змии и други сеништа.
2. привидување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК