а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пријави

пријават; пријавил, пријавиле; (ќе) пријавел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4923
1. Даде, поднесе пријава (писмено или усно).
Англиски: report Албански: paraqit
Примери:
Случајот го пријави во полицијата.
2. Извести, јави, даде некаква информација.
Англиски: inform Албански: informoj
Примери:
Тој го пријави виновникот кај директорот.
3. (се пријави) Се јави, извести некого за своето доаѓање, присуство.
Англиски: announce Албански: shpall
Примери:
Тие се пријавија во пријавницата.
4. (се пријави) Се јави, се запише, се вклучи, одговори (доброволно или по нечие барање).
Англиски: register Албански: regjistroj
Примери:
Тој се пријави во војска.
Таа се пријави на конкурсот.
Изведенки
1. пријавува несв.
(се) пријавуваат
2. пријавување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК