а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проврти

провртат; проврте
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 53410
1. Врти нешто кратко време.
Англиски: turn, rotate
Примери:
Беше нервозен, го проврте пенкалото неколку пати.
2. Почне да врти.
Англиски: rotate
Примери:
Ветерницата проврти.
3. (се проврти) Се врти кратко време.
Англиски: turn
Примери:
Се проврти да види што се случи.
4. (се проврте) Се задржи, помине кратко време некаде.
Англиски: circle
Примери:
Се проврти во дворот, но не се осмели да влезе во куќата.
Изведенки
1. провртува несв.
(се) провртуваат
2. провртување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК