саат
мн. саати
Вид збор: Именка, машки род
1.
Единица за време рамна на дваесет и четврти дел од деноноќието.
Примери:
Се вратија по неколку саати.
Се бореле токму три саати.
Половина (пол) саат.
(разг.) Му дојде саатот.
Со саати.
Слично со:
час (м.)
2.
часовник
Примери:
Тате му купи саат за родениот ден.
Саатот е точен. Саатот оди напред.
Златен саат.
Ѕиден саат. Џебен саат.
Стрелката на саатот.
(разг.) Виде (разбра) колку е саатот.
Точен е како саат.
Слично со:
часовник (м.)
3.
момент
Примери:
Од тој саат му поминале болките.
Во овој саат.
Во истиот саат.
Слично со:
момент (м.)
4.
Мера за пат.
Примери:
Селото е далеку два саати.