а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сабја

мн. сабји
Вид збор: Именка, женски род
Студено оружје, долг извиен нож.
Англиски: sword
Примери:
Го исече со сабјата.
Извлече, истргне сабја.
Остра сабја, со гола сабја, сабја дамаскина.
Сабја френгија (остра француска сабја).
Изрази
Ѕвечка со сабјата - заканува со сила.
(посл.) Јазикот е поостар од сабја.
(посл.) Наведена (покорна, сложена) глава сабја не ја сече
FlexiMac
 менување на македонски глаголи