а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

светне

светнат; светнал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3460
1. Пушти светлина еднаш или повеќе пати по еднаш.
Англиски: shine Албански: shndrit
Примери:
Светна сонцето и за миг се загуби зад облаците.
(разг.) Ми светна мисла.
2. (со свеќа, ламба) Направи да се види.
Англиски: illuminate Албански: ndriçoj
Примери:
Светни ми малку со свеќата.
3. (за очи, поглед, лице) - Молсне од среќа, радост.
Англиски: light up Албански: ndizet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ти светнаа очите кога ја виде.
4. Исчисти до блесок.
Англиски: polish Албански: pastron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дојде жената и куќата светна.
5. (само во 3. л.) - за молскавица: молсне.
Англиски: flash Албански: ndez
Примери:
Светкавица светна некаде далеку.
6. жегне, удри
Англиски: hit Албански: godet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кога ме светна, ги видов сите ѕвезди.
Изрази
Ми (ти, ѝ, му...) светна - текне нешто, дојде мисла.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи