а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свие

свијат; свиј, свијте; свив; свија; свил; свиев, свиеја; свиел; свиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6731
1. Придаде на нешто форма на дага, лак, наклони кон земјата.
Англиски: bend Албански: shtoj
Примери:
Тој може и железо да свие. Кој го свил дрвцево?
(разг.) Свие гнездо.
Свие опаш(ка).
Свие раменици.
2. изврти, искриви
Англиски: bend Албански: shtrembënoj
Примери:
Му ја сви раката на детето.
3. Завие нешто во вид на траба.
Англиски: roll Албански: rrokullis
Примери:
Свиј ја мапата и донеси ми ја в канцеларија.
4. Завие едно нешто со друго.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Почекај, ќе ти го свијам в хартија.
5. Измени правец.
Англиски: turn Албански: ndryshoj
Примери:
Ќе одиш по оваа врвица, па после ќе свиеш десно.
6. (само во 3 л.) - Добие грчеви, заболи.
Албански: dhimbje barku
Примери:
Ме сви стомакот.
7. (се свие) Прими форма на дага, лак, наклони се кон земјата.
Англиски: bend Албански: pranoj
Примери:
Дрвјата се свиле на ветрот.
8. (се свие) Се изврти, се наведне над нешто.
Англиски: bow Албански: shtrembënoj
Примери:
Ми се сви раката.
Одвај се сви жената.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК