а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сега

Вид збор: Прилог
Ранг: 144
1. Во моментот, во сегашно време.
Англиски: now Албански: tani, tash
Примери:
Сега не можам да работам.
Сега нејќам.
(разг.) Ами сега?
2. Настан само што минал.
Англиски: now Албански: tani, këtë herë
Примери:
Сега дојде и веднаш ќе си оди.
...сега требаше најмногу да се работи...
3. Настан што претстои.
Англиски: now Албански: tani
Примери:
Сега ќе се видите.
Почекај, сега ќе дојде.
4. Во време околу моментот кога се зборува.
Англиски: then Албански: atëherë
Примери:
Друго е сега времето.
Изрази
До сега - до овој момент.
Сега за сега - сега, во овој момент и понатаму уште некое време.
Сега едно, сега друго - ту едно, ту друго, непостојано, превртливо.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК