а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

секне

секнат; секни, секнете; секна, секнаа; секнал; (ќе) секнеше, (ќе) секнеа; (ќе) секнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7224
1. (само во 3. л.) - за молскавица
Англиски: flash Албански: rrufen
Примери:
Беше темно, само одвреме-навреме секавица ќе секнеше.
2. жегне
Англиски: stitch Албански: më therr
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Понекогаш ќе ме секне во рамото.
3. Удри со секало, огнило во кремен за да запали огин.
Албански: godet
Примери:
Секна неколку пати и запали цигара.
4. Пресуши, престане да тече.
Англиски: dry up Албански: than
Примери:
Сите чешми секнале.
Реката секнала.
5. Одеднаш престане, прекине некакво дејство, активност.
Англиски: stop Албански: ndalon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Смеата секна веднаш кога се чу гласот на наставникот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК