а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сестра

мн. сестри
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 338
1. Секоја од ќерките во однос на другите деца на истите родители.
Англиски: sister Албански: motër
Примери:
Биле три сестри.
браќа и сестри
како брат и сестра
родена сестра
2. Пријателско обраќање кон жена.
Употреба: Разговорно
Примери:
Кажи ми, сестро, дали минале ваму некои војници?
3. Жена блиска по идеи, интереси и сл.
Примери:
Браќа и сестри, се обрати тој до насобраниот народ.
4. Нешто блиско, родствено.
Примери:
Критиката - сестра на сомневањето.
5. Медицински помошен персонал.
Англиски: nurse
Употреба: Медицина
Примери:
Работела како сестра во болницата.
(разг.) милосрдна сестра
медицинска сестра
6. Член на женско религиозно братство.
Англиски: nun
Употреба: Црковен термин
Примери:
манастирски сестри