а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сети

сетат; сетам, сетиш; сетиме; сетив
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 322
1. Испита некакво чувство.
Англиски: sense Албански: ndijej
Примери:
Сети нешто солено на јазикот.
Сети тага, болка.
2. долови, разбере
Англиски: understand Албански: marr vesh
Примери:
Стариот сети со кого има работа.
Сетив дека сте вие.
3. (се сети) се почувствува
Англиски: feel Албански: ndijej
Примери:
Тогаш се сетив силен.
4. (се сети) Се разбере, се узнае, се забележи, се почувствува.
Англиски: notice Албански: kujtoj, vërej
Примери:
Се сети дека не ќе може да ја изврши задачата.
5. сети, спомене (некого)
Англиски: mention Албански: përmend
Употреба: Ретко
Примери:
Зар в песна си ме сетил?
6. (се сети) Дојде на ум.
Англиски: occur Албански: kujtoj, vjen ndër mend
Примери:
Не се сетив да го викнам и него.
7. (се сети) си спомне
Англиски: remember Албански: kujtoj
Примери:
Се сети детето дека било во оваа куќа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК