а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сипе

сипат; сипи, сипете; сипев; сипеа; сипе; сипен; сипејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 15379
1. Налива течност во нешто.
Англиски: pour Албански: hedh, mbush
Примери:
Сипе вино во чашите.
2. Истура, префрлува нешто сипливо од сад, вреќа во нешто друго, на друго место.
Англиски: pour Албански: hedh
Примери:
Сипе песок во варта.
Сипе жито.
3. За снег, дожд - паѓа.
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Сипе непрекинато дожд, снег.
4. Испраќа, истура нешто во големо количество.
Англиски: pour
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сипат искри.
Сипат удари.
Сипе навреди.
Сипе цитати.
Сипат куршуми.
5. (се сипа) се истура
Англиски: sprinkle Албански: derdhet
Примери:
Брашното се сипе од вреќата.
Се сипе земјата.
По желба се сипа пченкарното брашно со постојано мешање.
6. (се сипа) Лета на сите страни.
Англиски: spray Албански: spërkat
Примери:
Искри се сипат.
Куршуми се сипат.
7. (се сипа) За ткаенина - се растура по краиштата, се реси.
Англиски: dissipate Албански: derdhet
Примери:
Се сипат килимите.
8. (се сипе) се рони
Англиски: crumble
Примери:
Земјата се сипе, немаше многу дожд оваа година.
Слатките се сипеа повеќе одошто требаше, не ги погодив.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи