а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сипе

сипат; сипи, сипете; сипав, сипаа; сипал; сипан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 26901
1. Налее течност во нешто.
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Сипи ми една чаша вода.
Домаќинката им сипа врела чорба секому по една црпалка.
2. Тури нешто ситно, прашесто (шеќер, сол, брашно) во нешто или врз нешто.
Англиски: sprinkle Албански: spërkat
Примери:
Сами нека си сипат шеќер во кафето.
3. (се сипе) се растури, се разбега
Англиски: dissipate Албански: zhduket
Примери:
Стадото ти се сипало.
По еден час масата народ се сипа, останаа само неколкумина.
4. (се сипе) Се покрие со сипка.
Албански: hedh
Употреба: Медицина
Примери:
Се сипале децата по снагата.
5. (се сипе) Се нафрли врз некого.
Англиски: attack Албански: sulmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе му се сипат нему.
Кучето им се сипа на гостите уште пред да влезат во дворот.