а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скелет

мн. скелети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9016
1. Во анатомијата - сите коски што ја составуваат тврдата основа на човечко или животинско тело.
Англиски: skeleton Албански: skelet
Употреба: Анатомија
Примери:
Човечки скелет.
Скелет на куче.
2. Многу слаб човек.
Англиски: skeleton Албански: skelet
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Види го каков е, скелет.
3. На зграда, машина - основа на која се држат другите делови.
Англиски: frame Албански: skelet
Примери:
Скелетот на зградата е веќе готов.
Скелетот на бродот.
4. Тоа што служи како основа на нешто.
Англиски: scheme Албански: skemë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Скелетот на рефератот.
Скелетот на пиесата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК