а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

склопи

склопат; склопил; склопен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4437
1. Состави делови од нешто, поврзе, соедини.
Англиски: assemble Албански: përpiloj
Примери:
Не успеа да ја склопи машината.
2. За очи, клепки - затвори.
Англиски: shut Албански: mbyll
Примери:
Са ноќ око не беше склопил.
3. почине
Англиски: die
Примери:
Ѝ склопи очи засекогаш.
4. За договор, брак, сојуз - заклучи, склучи.
Англиски: close Албански: mbyll
Примери:
Склопи сојуз.
Склопи брак.
5. (се склопи) За очи, клепки - се затвори.
Англиски: shut Албански: mbyll
Примери:
Очите ми се склопија од замор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК