а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скроти

скротат; скротил; скротен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5486
1. За животно - смири, направи да стане покорно, послушно.
Англиски: tame Албански: zbut
Примери:
Успеа да го скроти лавот.
Ја скротил мечката.
2. За чувство - смири, надвие.
Англиски: calm Албански: qetësoj
Примери:
Скроти го својот гнев.
Ги скроти страстите.
3. (се скроти) За животно - стане покорно, послушно, се смири.
Англиски: tame Албански: zbut
Примери:
Се скротија ѕверовите.
4. (се скроти) се успокои, се смири
Англиски: quieten Албански: qetësoj
Примери:
Се врати дома и се скроти.
Се скроти ветрот.
Веднаш морето се скротило.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК