а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слабост

(едн.) слабоста
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2396
1. слаб
Англиски: weakness Албански: i dobët
Примери:
слабоста на слухот
слабоста на светлината
слабоста на организацијата
2. Телесна немоќ, мршавост.
Англиски: meagerness Албански: dobësi
Примери:
Слабоста на детето ја загрижуваше.
Ме обзеде голема слабост.
3. Отсуство на тврдост.
Англиски: softness Албански: dobësi
Примери:
Не смееш да покажеш слабост пред децата.
4. слабо место
Англиски: weak point Албански: vënd i dobët
Примери:
Дисциплината - тоа е вашата слабост.
5. Нешто негативно, недостаток.
Англиски: flaw Албански: dobësi
Примери:
Ги изнесе сите слабости на извештајот.
човечки слабости
основна слабост
Момчето беше добро, имаше само една слабост - пиеше.
6. Склоност, симпатија кон некого или нешто.
Англиски: weakness Албански: molisje
Примери:
Помалечката сестра - тоа беше слабоста на татко ми.
Имаше слабост кон уметниците.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК