а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слеп

слепи
Вид збор: Придавка
Ранг: 1497
1. Лишен од вид, кој не гледа.
Англиски: blind
Примери:
Слеп роден.
слеп питач
училиште за слепи
и слепо и сакато
2. Кој не забележува очигледни работи.
Англиски: blind
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е слеп за сѐ што е убаво.
Слеп е за неговите грешки.
3. Кој дејствува без да размислува; кој нема разумна основа; кој дејствува стихијно.
Англиски: blind
Употреба: Преносно значење
Примери:
слепо орудие на владетелот
слепа послушност
слепа љубов
слепите сили на природата
4. Кој се изведува без учество на видот.
Англиски: blind
Примери:
слеп лет
Слепо пишување (на машина).
Слепа партија во шахот.
5. Кој нема отвор, излез; без прозорци.
Англиски: blind
Примери:
слепа улица
слеп ѕид
6. неписмен, неучен
Англиски: illiterate
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
При училиште и учител, остана слеп.
Изрази
(посл.) На слепото пиле Господ му го прави седелото.
(посл.) Брзата кучка слепи кучиња раѓа.
(посл.) Меѓу слепите, тој со едно око е цар.
(посл.) Страдна мајка за слепаго сина.
(посл.) Пази (брани), боже, слепо да прогледа.
Слепо око - местото меѓу веѓата и горниот крај на увото.
Слеп чир.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК