а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слика

сликаат; сликал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4467
1. Создава, црта слики со молив, туш, бои и сл.
Англиски: paint Албански: pikturoj
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Сликаше во природна големина.
2. Црта, опишува со зборови.
Англиски: describe Албански: përshkruan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го слика нашето село во втората половина на минатиот век.
3. Претставува во мислите.
Англиски: imagine Албански: imagjinon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си ја сликаше во фантазијата средбата со неа.
4. фотографира, снима
Англиски: photograph Албански: fotografon
Примери:
Ги сликаше сите по ред.
5. (се слика) Ја црта својата слика.
Албански: pikturohet
Примери:
Стариот уметник се сликаше самиот себеси.
6. (се слика) Се појавува како во огледало.
Англиски: reflect Албански: pasqyrohet
Примери:
Стариот даб се сликаше во водата пред него.
7. (се слика) Се претставува во фантазијата.
Англиски: imagine Албански: imagjinatë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во мислите му се сликаше татковиот дом.
8. (се слика) се фотографира, се снима
Англиски: photograph Албански: fotografohet
Примери:
Најпосле се сликаа и отидоа.