а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

служи

служат; служете; служев, служеа; служел; служен; служејќи; служење; служив, служија, слугав, слугаа; служил, слугал; служен, слуган
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 756
1. Врши некава служба, должност, работи.
Англиски: work Албански: shërbej, punoj
Примери:
Служеше како писар во општината.
2. Исполнува воена обврска.
Англиски: serve Албански: shërbej
Употреба: Воен термин
Примери:
Служеше три години во морнарицата.
Служи војска.
3. Врши црковна служба.
Англиски: sermonize Албански: predikoj
Употреба: Црковен термин
Примери:
Дојде владиката да служи.
Ќе служи новиот поп.
4. Работи како слуга кај некого.
Англиски: serve Албански: shërbej
Употреба: Економија
Примери:
Му служеше на бегот девет години.
5. Прислужува маса, трпеза.
Англиски: offer Албански: shërbej
Примери:
Ги служеше гостите.
Служи вино.
6. Исполнува нечија волја; врши услуги некому.
Англиски: serve Албански: shërbej
Примери:
Им служеше на интересите на непријателот.
Му служеше верно до смрт.
7. Работи за доброто на некого или нешто.
Англиски: serve Албански: shërbej
Примери:
Му служеше верно на својот народ.
Му служи на мирот.
8. За механизми или за нивни делови, за орудија, за човечки органи - ја исполнува својата намена; се користи за нешто.
Англиски: serve Албански: shërbej, punoj
Примери:
Како те служи телевизорот?
Раката не го служеше веќе.
Моливот служи за пишување.
9. Се јавува како нешто, претставува нешто.
Англиски: serve Албански: shërbej
Примери:
Тој служи за пример.
Служи за углед.
Служи како доказ.
Служи како опомена.
10. (се служи) Зема нешто поставено на маса, се послужува.
Англиски: serve Албански: shërbej
Примери:
Повелете, служете се слободно.
11. (се служи) употребува, користи
Англиски: use Албански: përdor
Примери:
Се служи со сите средства за да дојде до целта.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК